relationships

Мирисот на девојката.

Оној момент кога седиш по дома и полудуваш од наплив на екстремно убави чувства…кои сакаш, а не можеш да ги исконтролираш.

Let it go dude.

Остави нека те обземат и целосно нека превземат контрола – ти вика душата и срцето. Остави не и нас малце да си поуживаме и да се отвориме како што ни доликува и ќе ти вратиме назад уште појке.

Не може така.

Јас сум јак и моќен и се можам да исконтролирам – ти вика умот.

Кур си моќен брат.

Во такви моменти ги оставаш тие чувства целосно да те обземат. Да те доведат до праг на лудило и потоа кога мислиш дека веќе не можеш да издржиш, ќе ти возвратат назад и ќе ти го наполнат духот со толкава сила и енергија што ќе сакаш светот да го освоиш.

Што причинува таков момент?

Мирисот на една убава девојка.

Не зборам за гучи.

Зборам за оној, природниот мирис на жената.  Мирис кој… не можам да го опишам со зборови од што е толку проклето моќен.

Сум забележал дека кога си со девојка со која имаш flow и се тече природно, доаѓа момент при лапање (сељак алерт) кога девојката несвесно ти “дава” да осетиш јака доза од тој нејзин проклето добар мирис.

Како ти дава? Пример за тоа е следново.

Значи, се лапаме како средношколци. Темно место, локација клуб, ноќе. Неколку пијачки во нас.

Пар моменти подоцна, се разделуваме со усните и останувам на милиметар раздалеченост од нејзините. Полека ги отвораме очите, и наизменично се гледаме, де во очи, де во усни. Сеуште сме на исто растојание. Момент подоцна, таа многу суптилно се насмевнува… и потоа…

Издишува долго и споро.

Сега или никогаш. Или ќе го вдишам тоа магично комбо и среќно ќе патам и ке страдам и бијам војни во периодот кога нема да можам да ја видам, или комплетно ќе го пропуштам возот. Нема втора шанса.

Тоа ти е. Факинг хормони.

Ние секако ги вдишуваме нив, и без ова погоре – преку мазење, галење и обичен допир со тело. При такви сензуални моменти, телото испушта многу јаки хормони во мали дози од целата негова површина

Но, кога ги добиваш тие хормони од нејзиното издишување, добиваш 100% чист кокаин.

Прими го. Дозволи му да ти навлезе во секој дел од твоето тело. И уживај во ролеркостерот на емоции подоцна.

Несвесно го правиме овој чин и ретко кој може да го забележи. Јас по грешка го приметив – викам по грешка, бидејки наместо да се препуштам на моментот, јас го анализирав лицето на девојката (благодарение на мојата дарба за overthinking and overanalyzing) и кога забележав што прави, си викам ај зашто да не – ќе вдишам.

Сељак.

Тоа ти е.

Ама сакам жени бе –  нормално, не само поради нивниот мирис.

Можеби глумат понекогаш, но сепак тоа е само начин да се осигура дека јас не глумам. Сметај го како тест на интелигенција.

Ке го решиш тој тест само ако си искрен. А за награда го добиваш оној магичен микс.  Еве еден таков пример.

Ми трепери телото бидејки умот сака да воспостави контрола и да ми каже дека ова што ќе и го кажам ќе ме уништи. Но во овие моменти, за среќа, не сум зен монах. И го кажувам следново, споро,  додека ја гледам директно во очи.

Ти, си една од ретките девојки со која можам да поминам цела вечер…збор да не зборнам…и пак ќе знам дека се е ок.  Убаво ми е со тебе, не само поради фактот што мирисаш така одвратно добро.

Ама понекогаш…САМО понекогаш, ке те погледам со полузаспани очи, дигнати веѓи и sly smile и ке ти кажам само едно нешто…

маче…

и пак, ке знам дека… се е ок.

Таа е таа искреност. Понекогаш сељачка но вреди. И башка девојката ќе се почуствува толку добро што кога ти ќе и го кажеш магичниот збор маче, ке ја збуниш и со неверување кое се манифестира со клатење на главата, насмевка и цк цк цк, ке те погледне, погали по глава и ќе си помисли

каков сељак си ти..

Но знај дека убаво и е.

Бидејќи знае дека сум искрен на мојот начин.

Тоа е тоа.

Едно од нештата кои ми даваат сила да одам напред во кариера и приватен живот во овој период.

Така да, нареден пат, девојки, забележете го тој момент. Ке ви даде моќ.

Men, be honest, бидејќи и нас ке ни даде исто така моќ.  Моќ која ќе не полуди, но ако и дозволиме, ќе биде убаво лудило кое ке ни даде моќ денот да го покориме.

Cheers,

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s