work

Перспективи на искреност.

Кој е твојот најголем failure во животот? Ме праша Оливие додека седевме во кафана и разговаравме за перспективи, бизнис, достигнување на својот потенцијал и нормално жени.

Оливие е човек кој 22 години има работено во Мајкрософт, рамо до рамо со Бил Гејтс, Стивен Балмер и ред други неверојатни луѓе. Сега, го посветува својот живот да помага на бизниси и индивидуалци да го постигнат својот потенцијал до максимум, така што дава своја перспектива на таа тема.  Интересен начин на гледање на работите којшто го има спакувано во една книга – повеќе за тоа, тука. 

Прашањето што ми го постави е едноставно. Одговорот го знаев, и поради фактот што сум overthinker ми требаа повеќе моменти за да го искажам она што он го бараше од мене.

Давање на одговор на ова прашање е еден од оние моменти за мене, човек што бил интровертен цел живот и тешко искажувал што му лежи на душа,  кога е потребно да бидам брутално искрен.

Погледнав со очите надолу, не за да го побарам одговорот, туку за да ги повикам моите емоции да излезат и да си поиграат малку и да ги boost-нат зборовите кои му ги кажав.

Според повеќето студии на тема човечка психологија, секогаш кога гледаш надолу десно, се присеќаш на емотивни моменти од твоето минато или едноставно само влегуваш во еден pool of emotions, од каде црпиш емоции за да го појачаш она што го кажуваш (нешто како појачан тост, или хамбургер со екстра кечап мајонез – кадешто појачувањето и екстра км, би биле емоциите). Има и други објаснувања за тоа ако гледаш горе лево десно, но за тоа друг пат. Да не тупам многу.

Одговорот – Мојот најголем failure во живот, дека не успеав да кажам благодарам на двајца луѓе во мојот живот кои не се повеќе со мене.

The introvert that i am, ми се насолзија очите и почна гласот да ми трепери – но јак сум не заплакав.

Шупак :\

Тоа беа двајца луѓе кои ме научија една лекција – секој на свој начин и преку своја перспектива го кажаа истото:

Секогаш биди искрен кон сите околу тебе и себеси. Цени ги луѓето за оној талент, она најдоброто во нив, што знаеш дека го имаат и секогаш, безрезервно, вади го тоа од нив и дај им ја шансата да го искористат до максимум.

Едноставно е. Баш како прашањето што ми го постави Оливие.

Мене ми е тешко да бидам искрен.

Но баш поради фактот што ми е тешко, ми претставува предизвик кој во 90% од случаите успевам да го решам.

Откако сватив дека тие луѓе, баба ми и дедо ми, повеќе ги нема, и не успеав да кажам благодарам, си ветив на себеси дека ќе го правам она што они го правеа искрено. Таа лекција која ме научија, ја користам во секој можен момент.

Не сакам да звучи дека нив ги ставам на пиедестал и другите ги запоставувам. Сите, подеднакво ги ценам и ги сакам, почнувајќи од најблиските и понатаму оние кои тек допрва ги запознавам – нормално тука спаѓаат и жените (чао маче).

Секој човек ја гледа искреноста на свој начин, преку своја перспектива.

Замисли,

дека онаа реална, брутална искреност, е спакувана, внатре, во коцка како оваа

Screen Shot 2017-04-29 at 6.56.18 PM.png

Крајната цел е да им помогнеш на хората, да ја отворат оваа коцка погоре и да ја искористат таа брутална искреност до максимум.

Секоја коцка се отвара. Отворот е начинот на кој посегнуваш со раката и ја вадиш таа искреност надвор.

Умешноста е да ја согледаш перспективата на другите, да им ја претставиш нивната перспектива со нивни зборови и сите други перспективи што ја прават таа коцка.

Ретко кога ќе сакаат да сменат перспектива од прва. Навикнати сме на инстантни резултати и тоа не кочи кога ќе сакаме да понудиме некоја нова перспектива бидејќи сакаме да одма да ја прифатат.

За се треба време. Само дај му ги опциите и перспективите. Големата слика што би се рекло.

Исто е и за искреноста. Секој од нас е искрен на свој начин.

Дај му на човекот Натали – што би рекол Игор. Покажи му ги сите страни од коцката, воедно и таа страна, перспектива, која може да ја отвори за да дојде до таа брутална искреност и чекај.

ќути си дупи си и со време ќе увиди.

А во меѓувреме, ти играј си со коцката, врти ја, сакај ја отварај ја, испитувај ја и уживај.

Убав викенд,

Cheers,

 

 

 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s