work

Мисли за неа.

Од што ми е страв?

Дека згрешив нешто со тоа што и го пратив. Дека е сосема погрешно тоа што и го пратив и сега е крај. И дека ако не и пишам нешто со цел да се искупам за тоа што и го пратив, готово е ја изгубив.

Дека нема друга и поради тоа наоѓам изговор за да и пишам.

Реално ако збориме, тоа што и го пратив беше искрено. Онака како што би и го кажал и да е до мене сега во моментов. Онака како што и го кажував додека бевме заедно таа вечер.

И пак би и кажал така.

Тогаш зошто бе не одговара wtf???

И самиот знам дека не е битно зошто. Побитно е што поминавме ебено добри моменти заедно. Колку и да беа кратки.

Одамна не сум бил со девојка како неа. Односно не сум бил искрен до тој степен со девојка како неа. Претпоставувам нормално е да реагирам вака импулсивно и да барам да ја видам. Телово ми бара уште од неа. Се ми бара уште од неа.

Првото чувство што го имав за неа?

Ми се грчеше телото од страв. Всушност не е страв, не. Од што бев искрен со неа, и оставив дел од мене да ми го чува. И мислев дека го изгубив тој дел откако веќе ја нема.

Но, сега кога ке размислам, можеби требало да го земе тоа од мене. Нејзе и треба повеќе.

А јас ќе си добијам нов, појак.

Така да, нека си го чува 😉

 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s