Местото каде што Промаја е физичка локација со кафана.

Од еден аспект, за да го сакаш бучниот град во кој живееш, треба да си дистанциран од него доволно долго за да ти притреба пак.

srcstc

Како во врска. Сакањето се раѓа и гаи во отсуство на другата личност.

Screen Shot 2018-01-11 at 11.21.01 PM
Ти треба простор за да можеш умот да го испразниш од константната бучава, од “0 денари за повик кон било кој дел од вселената” type of реклами, бургерите и генерално говната кои ги дишеш.

Screen Shot 2018-01-11 at 11.51.46 PM.png

За тоа помага тишината. Тишина која е потребна за да го истера градот од секое сетило што го имаш.

Секој си има свое место кајшто може да избега и да ја доживее на свој начин.

Едно од тие места за мене е горе во планините.

Место каде што Промаја значи actuall локација со кафана, каде што Крали Марко фрла камења напизден, и Белами радио.

Се наоѓа во југоистокот на Србија, блиску до граница со Бугарија. Во близина на Власинско езеро. Само еден пат води кон селото кое е од растурен тип. Најблиската соседна куќа е на 100 метри а најблискиот човек на 200 метри.
Кола да слушнеш е ретко како свеж воздух во зима во Скопје. Истото важи и за интернет и цртка за мобилна мрежа.

Се качуваш по кривулестиот пат кон Власинско езеро и првото нешто што го правиш откако ќе се качиш горе, е да седнеш во кафана и да попиеш едно пиво. Или вињак. Или вињак и пиво.

Местото кај што се наоѓа кафаната се вика Промаја. Се вика така бидејќи има промаја. И не е онаква која суптилно те кине. Не, оваа дрско и гласно те фуче.

Локалците тука не гинат од тукашната промаја. Можеби станале имуни или едноставно оваа промаја тука е pure и онаква реална каква што треба да биде. Сите други промаи се имаат изгубено и не знаат што прават во животот.

Тука се крие еликсирот на долгиот живот, си викам. 

Но трпиш, бидејќи го имаш овој поглед

Screen Shot 2018-01-11 at 11.17.56 PM

и овој

Screen Shot 2018-01-11 at 11.46.12 PM.png

и чувството дека почнува нешто многу добро.

Селото кај што одам е оддалечено некои си 10 километри од езерото е сместено на висина од 800 метри. Не е многу високо и климата е прилично динамична. Денски за преку кратки, ноќе во ѕиври.

Обично пристигаш попладне во петок.

Првото нешто што ќе го здогледаш кога ќе дојдеш таму е овој камен.

Screen Shot 2018-01-11 at 11.52.31 PM.png

Викаат дека, Крали Марко, еден ден така добро се напиздил, се качил на врвот на планината над Власинско Езеро и почнал да фрла камења насекаде, вклучувајќи го и овој. Ваљда премногу промаја го стегнало. Самиот камен има отпечаток од рака во него. За среќа, тука нема промаја.

Продолжуваш уште некои 300 метри и си во куќата.

Првите два три дена во селото ти се чудни. Посебно ноќите кога заспиваш бидејќи не си навикнат на таа тишина која ја има таму. Пробуваш да слушнеш нешто што ќе ти ја пополни онаа празнина која што обично ја пополнува градската бучава.
Но има само едно ехо кое ти останало од збирштината на звуци и искуства од градот. Тоа ехо со текот на деновите во село, полека го снемува.

Отвараш очи во 5 ипол. Се чуствуваш како да си спиел 2 дена.

Денот ти почнува со облекување на дебели чорапи, чизми, јакна и палење на печката надвор пред куќата за да можеш да испржиш јајца со ајвар.
Понекогаш го скокаш тој дел, земаш ќеса и стап и тргаш во шумата по печурки. Си праиш своја мала авантура. Скришно идеш прв за да ги обереш сите печурки пред другите во фамилијата да го направат тоа. Обично во тој регион растат вргањи и лисичарки. Понекогаш ги нема но се враќаш со еднакво вкусни бели печурки кои ги има во изобилство.

Пред 15 години тој регион беше ливади, чат пат папрат и дабова шума, наизменично. Можеше да ги видиш сите куќи во тој регион каде и да застанеш. Денес, едвај патот пред себе да го видиш, слично како Скопје во зима.

Screen Shot 2018-01-11 at 11.18.48 PM.png

Но во умот ти имаат останато тие спомени и си фантазираш дека сеуште ги гледаш пред себе.

Screen Shot 2018-01-11 at 11.46.28 PM.png

Тргаш на таа мала авантура рано наутро. Само газењето на чизмите го слушаш.
Си газам, си викам.
Како прогресира утрото, се будат ластовиците, почнуваат со својот нормален ритам и го заменуваат она ехо кое ти бучи во глава. Се вклучува и ветрот.
Почнуваш со ентузијазам да ги бараш печурките. Очите ти се широко отворени.

Бараш, гледаш ама не забележуваш. Барањето печурки бара да бидеш комплетно опуштен и да не ги бараш туку само да ја забележуваш околината.

Too deep можеби, но така е. Секогаш сум му се дивел на чичко ми кој кога иде по печурки, изгледа како само да оди на прошетка. Ниту бара нешто ниту брза. А секогаш има полна ќеса.

Едноставно е, не го комплицирај. Шетај, опушти се, забележувај и ќе се појават.

Откако ќе ти помине ентузијазмот, почнуваш да се соочуваш со фактот дека нема да најдеш ништо. А нема во околина некој што продава па да купиш и да се појавиш дома со 10 кила. И во тој момент го наоѓаш првиот вргањ.

Screen Shot 2018-01-11 at 11.18.36 PM.png

Лепотан, си викам.

Успат ги имаш и овие зеленкастиве но боље нека си растат.

Screen Shot 2018-01-11 at 11.52.48 PM.png

И нормално, ќе најдеш вакви гомца кои ти отвараат апетит уште толку.

Screen Shot 2018-01-11 at 11.21.30 PM.png

Назад во куќата те очекува распалена печка, и радио белами на стариот транзистор.
Можеби шумата се има сменето но радио Белами, има една плеј листа која пичи веќе 20 и кусур години.
Тома, Мишо, трубачи, народњаци. Покрај целата тишина, белами некако убаво се вклопува.

Ги ставаш белите печурки на ќошот од печката за да не изгорат и ги оставаш алиштата кои се имаат измокрено од утринската роса да се исушат и облакаш парчиња облека кои се native за тој регион. Не зборам за носии. Зборам за син работен мантил кој дедо ми го носел додека правел патишта и мешал бетон. Фила дуксер купен од Ќустендил.

Колку и да сакаш само да седиш и ништо да не правиш, мораш да го испочитуваш духот на местото и да се фатиш малце за работа.
Мојата работа е обично косење трева. Порано со регулар коса косев,

Screen Shot 2018-01-12 at 12.08.01 AM.png

а денес со моторна.
Мора да си го заработиш ручекот.

На белами почнува Дал је могуче.
Ставам пластични наочари.

Screen Shot 2018-01-11 at 11.19.14 PM.png
Палиш косата и почнуваш.

Село до коска.

Косење е планински кросфит кој на крајот те наградува со порција ајвар и јајце, бела печурка и препек домашна ракија.

Тишината која ја прави селото веќе почнува да работи. Она ехото од градот го снемува.

Селото, покрај печурките и каменот на Крали Марко, си има и своја река. Прилично тесна и плитка, но е дом на пастрмки до 600 700 грама кои можеш да ги упецаш ако ги знаеш правите места.
Порано се одеше пеш до реката и тоа некои 30тина минути по искршен, асфалтиран пат кој локалната власт ветува дека ќе го поправи откако почна белами да пушта музика.

Доаѓаш до оваа полјана

screen-shot-2018-01-11-at-11-53-00-pm.png

каде нема никој и посветуваш неколку моменти да се дивиш на околината и празнотијата.
На истово место кадешто стојам секоја година се одржува фудбалски натпревар помеѓу околните села. Секое село си има свој тим, кој обично е составен од луѓето што порано тука детството го поминувале но се преселиле во градовите бидејќи им требало малку бучава.

И секоја година, се вртат најдобрите плескавици во свет од баба Севлија. За 50 денари, парче домашен леб, плескавица, и по избор некој зеленчук. Можеби е до фактот што таму нема многу плескавици па ова ти изгледа како никогаш да не си ни јадел такво нешто во животот. А можеби е до начинот на кој бабата ги прави. А можеби си попил некое пиво повеќе.

Како и да е, се освестуваш и тргаш накај реката. Порано беше прилично достапна и лесно беше да стигнеш до брегот но, е истата приказна како со шумата околу нашата куќа.

После малку мачење и лизгање, влегуваш во еден комплетно друг свет.

Screen Shot 2018-01-11 at 11.15.39 PMScreen Shot 2018-01-11 at 11.18.21 PM

Како мини Амазон. Се осеќаш како истражувач а реално си косел трева пред саат време.
Пожелно е да имаш чизми за да можеш да се движиш на двете страни од реката и да стигнеш до оние места до кои само луѓе со чизми можат да стигнат.
Времето тука на таа река си има своја брзина. Во моментот кога ќе зафрлиш трска, веќе поминал пола ден.

Ако наредниве неколку пати не фатам ништо, си идам. И така уште 4 саати. Слично како со серии гледање пред компјутер.

И нормално пошо сум рибар, фаќам бајаги.
Screen Shot 2018-01-11 at 11.15.50 PM.png
Не лажам. Ама и не ги ни јадам рибите. Не знам зошто но се чувствувам како да  ми беше доволно што си помислив на плескавиците од Севлија.

Се прибираш дома конечно.

Најакото е што знаеш дека има цел казан топла вода која те чека да се избањаш. Нема туш нема када. Има само канта од поликолор која ја полниш со врела вода и ја мешаш со ладна вода, и едно мало кофиче со кое се поливаш. Пазиш колку вода ќе искористиш бидејќи кантата не е бојлер.

И после тоа легнуваш. Повторно тишината си грми, но овој пат ехото од градот скоро го нема. Тишината си ја завршува работата. Ја истерува бучавата од глава како со лопата и ашов.

И така секој ден во село ти поминува, се додека ехото го снема целосно. Кога ќе го снема, тогаш веќе сакаш пак назад во големиот смрдлив град. Оној град што пак ќе ти покаже што значи да се вратиш на таа тишина, кофата поликолор и плескавиците од Баба Севлија.

Како врска. Ти фали кога ја нема. И кога ќе дојдеш пак кај неа, тишината се заменува со нејзиниот глас.

И она мириса добро.

Поз.

 

 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s